Бојан Јовановски – Боки 13 денеска доцнеше на рочиштето за „Рекет“, а ја образложи причината за тоа.
При доаѓањето во судница, Јовановски се сврте кон медиумите и рече дека причина за неговото доцнење е напад од полициски службеник во затворот.
Рочиштето требаше да почне во 12 часот, но поради доцнење на спроведувањето на обвинетиот, и натаму не е почнато. Сега се присутни сите.
На денешното рочиште ќе се прикажуваат снимки кои ги направил Зоран Милевски – Кичеец.
