Боледување за вработените од Ковид-19, се скараа синдикатот и дел од невладините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Соопштенијата од страна на Сојузот на синдикати се класична манипулација со која се извртува вистината пред граѓаните, сметаат претставниците од Гласен текстилец и Хелсиншки комитет. Ваквата реакција доаѓа по синоќешната објава на Сојузот на синдикатите на Македонија кој на својата фејсбук страна ги обвини Кристина Ампева од Гласен Текстилец и Игор Јадровски од Хелсиншки комитет дека ги крататат работничките права со кои се губи правото на 100 проценти боледување поради ковид 19 во јавниот сектор.

Игор Јадровски од Хелсиншки комитет пак вели дека на предпоследниот состанок во состав на синдикатите, граѓанските организации, министерството и инспекторатите се дискутирала одредбата на владата со кој се задолжувало министерството и сите органи на управа да исплаќаат 100 посто боледување од Ковид за јавен сектор.

ТВ21 се обрати и до претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски кој вели дека штетата која ја прават овие Невладини организации кои глумат заштитници на работнички права има големи последици спрема македонскиот работник.

Од Гласен текстилец и Хелсиншкиот комитет за човекови права најавија дека ќе испратат барање за јавно извинување и повлекување на објавата од страна на Сојузот на синдикати, во спротивно ќе биде покрената судска постапка за граѓанска одговорност од клевета и навреда.