Во Собранието се чека ред за гласање на закони. Притисокот од страна на политичките партии секојдневно расте, како што се намалуваат деновите до неговото распуштање. Притисок има и од меѓународната заедница за законот за Јавно обвинителство, но притисок прават и медиумите, како и бизнис заедницата.
Партиите се со поделени мислења. Од објавениот распоред на веб страницата на Собранието може да се види дневниот ред на пленарната 131-а седница.


Во исто време, како што веќе објави ТВ21, Собранието за во вторник во 15 часот, веќе закажа и седница на која треба да биде ратификуван НАТО протоколот и притоа се очекува присуство на значајни гости од земјава, но и регионот.
Во меѓувреме, се води голема „борба“ за Законот за ЈО. Партиите сè уште ги немаат усогласени ставовите, но од меѓународната заедница бараат тој да биде изгласан пред распуштањето на Собранието, кое пак е планирано да се случи во среда.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги повикаа пратениците да вложат напори и со консензус во законска процедура да го донесат законот кој иако не е формален услов од Брисел но ќе претставува позитивен исчекор.
„Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат“
Самуел Жбогар – евроамбасадор
Франција посакува новиот закон за Јавно обвинителство да биде донесен со широко мнозинство, а личните прашања или краткорочни политики да бидат надминати во име на националниот интерес.
„Законот за Јавното обвинителство е нешто што силно го очекуваат меѓународната заедница, ЕУ и Франција. Потребна е солидна основа за трансферот на предметите од Специјалното јавно обвинителство во постојниот судски систем, дури и ако предметите се веќе пренесени. Втората работа, можеби и најважна, е да се обезбеди рамка за борбата против корупцијата, која е една од најголемите грижи на граѓаните. Сето тоа иницира преговори меѓу трите најголеми политички партии што ни дадоа надеж дека ќе може да се најде решение врз база на националниот интерес“
Кристијан Тимоние – француски амбасадор во Македонија
Власта и опозицијата тврдат дека законот за Јавно обвинителство треба да понуди вистинска борба против криминалот, а на иста линија им се и меѓусебните обвинувања.
Собранискиот спикер, Талат Џафери пред неколку денови за ТВ21 рече дека нема да помине ниту еден закон доколку тој не е усогласен.
Националните телвизии пак го поддржаа законот за АВМУ, кој е на дневен ред на пленарна седница и со овој закон се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и страниските радиодифузери од страна на операторите. За овој закон забелешки има и Европската коисија, а забелешки имаа и кабелските оператори. Неофицијално, ТВ21 дознава дека сè уште нема усогласен став меѓу партиите во Собрание, а за овој закон е потребно просто мнозинство, како и бадентер.
Друг закон за кој има партиски несогласувања е законот за игри на среќа. ДУИ и албанските партии инсистираат овој закон да помине пред изборите. Со овој закон се бара одалечување на казината и обложувалниците од градските подрачја и училиштата.
И лидерот на ДУИ, Али Ахмети вети дека ќе направи сè за овој закон да помине. ТВ21 веќе информираше пред три месеци дека во СДСМ има дилеми околу овој закон, затоа што може да дојде до губење на работни места и стотици луѓе да останат без работа.
- Асоцијација на спортски обложувалници: Со новиот Закон за игри на среќа, 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа
- Бектеши: Ако може за АПТЕКА, ќе може и за КАЗИНО надвор од населени места!
- Игрите на среќа „влегоа“ во Собранието: Оддалеченоста, најдискутабилен дел
Која партија ќе се покаже помоќна останува да видиме.
И законот за минерални суровини е исто на дневен ред. Како што дознава ТВ21 и за овој закон нема усогласување меѓу партиите. Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека овој закон е многу важен, затоа што се создава можност за едностран раскин на концесија за компании кои нема да ги почитуваат законските одредби. Неофицијално дознаваме дека пратеничката група на ДУИ, нема став за овој закон иако е предложен од министер на ДУИ. Бизнис заедницата е против овој закон, велат дека е лоша порака до инвеститорите.
Како, кога и дали ќе успеат партиите да ги „испеглаат“ своите разлики до распуштање на Собранието и кои од овие закони би го поминале Собранискиот лавиринт останува да видиме.
Ситуацијата со спортски жаргон би се опишала како „гужва пред гол“. Многу закони, голем притисок врз Собранието, а како ќе се тоа ќе го координира Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе покаже следната недела која е клучна за сите овие постапки.
