Борис Џонсон е префрлен на интензивна нега откако неговата состојба дополнително се влошила, соопштува Даунинг стрит.
Премиерот бил примен во болницата „Свети Томас“ во Лондон во неделата вечерта поради неговите „постојани“ симптоми на Ковид-19.
Тој првично бил примен за дополнителни тестови, но здравјето дополнително му се влошило. Засега е во свесна состојба, а како претпазливост е преместен на интензивна нега.
Портпаролот на премиерот изјави дека тој бил префрлен на интензивна нега по совети на неговиот медицински тим и во моментов се наоѓа од „одлична нега”.
Премиерот побара од министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, да го заменува „онаму каде што тоа е потребно”, додаде портпаролот.
„Во текот на попладнето состојбата на премиерот се влоши и по совет на неговиот медицински тим тој е пренесен во одделот за интензивна нега во болницата“, изјави портпаролот, пренесе Би-Би-Си.
