Борисов одбил да биде пратеник во бугарското собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојко Борисов, досегашниот бугарски премиер, денес објави дека поднел изјава до Централната изборна комисија, каде одбива да биде пратеник во новиот состав на парламентот во Софија. Тој додаде дека како премиер немал имунитет и дека ни сега не му требало

„Денес во ЦИК поднесов оставка како пратеник во двата повеќемандатни региони од кои бев избран, иако победив во лидерските натпревари. И Нинова, и Слави Трифонов, и Христо Иванов – ги победив насекаде“, изјави Борисов, кој денес е на турнеја во околината на Рилскиот манастир, како што пренесува БГНЕС .