Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите помеѓу ГЕРБ и ДБ за влада, зборуваше и за Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел.
Тој рече дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и станало збор и за Македонија.
„Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за Северна Македонија и се загуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата кои требаше да ги дадам. Ние сме должни да формираме влада и да застанеме многу цврсто на нашите позиции“, рече Борисов.