Министерката за енергетика, Сања Божиновска, изјави дека Владата ќе направи се што е во нејзина моќ да ги избегне поскапувањата на електричната енергија од 2024 година, но ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ. Според Божиновска, моменталната цена на струјата за крајните потрошувачи е 60 евра, што е значително пониско од реалната цена, што покажува дека Владата се грижи за граѓаните.
Таа информираше дека увозот на електрична енергија сега се прави на секои две недели, иако хидрологијата е лоша, а водните резерви се под 20%. Божиновска се надева дека со почетокот на декември првиот блок на РЕК Битола ќе биде во функција, што ќе ја намали потребата од увоз и ќе обезбеди доволно енергија за зимата.
Во врска со состојбата во РЕК Битола, министерката истакна дека новото менаџментот затекнал „катастрофална“ ситуација, со нереализирани ремонти и недоволно искористена механизација. Сепак, се очекува подобрување благодарение на нов проект за ископување јаглен.