„Браќа Манаки“: Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, наградата „Златна камера 300“ за Јануш Зигмунд Камински

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали Заев мисли да го смени Касами со Гаши? Зејди ја кажа желбата на СДСМ, Хоџа не се плаши од ваквите информации

СДСМ сака да ја земе Алтернативата во Владата и да ја отстрани Беса, изјави во Клик Плус, генералниот секретар...

Македонија тргнува по кинеската вакцина? – Вакцинација во февруари, прво ризичните групи

Вакцината е инструментот за спас од коронавирусот, а кај нас со имунизација започнуваме за еден месец, вели министерот за...

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и брза помош на раскрсницата кај ЕУ Инфо Центар

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и возило на Брзата помош се случила попладнево на раскрсницата кај ЕУ Инфо Центарот. Засега нема...

ОВР Прилеп поднесе девет кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и овластување

ОВР Прилеп поднесе поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица и тоа: М.Р.(49)- тогаш во својство...

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија со јачина 4.4 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет 4,4 степени според Рихтер ја потресе Албанија. Епицентарот е во Драч, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил...

Режисерот и сценаристот Столе Попов е добитник на наградата  „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, а полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело или животен опус. 

Во името на градот домаќин пред присутните гости се обрати градоначалничката Наташа Петровска која истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ претставува фестивал еликсир на фотографијата.

Битолската публика со аплауз го поздрави режисерот Столе Попов кому годинава од страна на Друштвото на филмските работници на Македонија му беше доделена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Попов во своето обраќање нагласи дека добивал многу награди, но според него најсилни и иманентни се наградите од публиката и од колегите. Токму така го разбира годинашното високо фестивалско признание.

Заради КОВИД мерките и актуелната пандемија во светот во Битола не можеа да пристигнат, но со свое видео обраќање за вредноста и квалитетот на фестивалот говореа Кејс Ван Острум, нов претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите ИМАГО и тој потсети дека Битола е голем меѓународен центар на киноматограферите, а потврда за тоа е Конгресот кој во 2016 година се одржа во овој град.

Добитникот на „Златна камера 300“ за животен опус Камински рече дека инвентивноста и оригиналноста на браќата Манаки го мотивираат час поскоро да дојде во Битола за да лично си ја подигне својата награда и очекува дека тоа ќе биде в година ова време.

Пред присутните се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека е добро што и покрај пандемијата на Ковид-19, „Браќа Манаки“ се одржува и годинава во скратена и во изменета форма.

-Дозволете да ве поздравам како покровител на првиот и меѓу стотиците филмски фестивали, еден од само неколкуте во светот, кои се фокусирани на кинематограферите, фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Станува збор за еден од најзначајните културни настани во нашата земја, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност. Благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност, истакна Пендаровски.

Пендаровски им честита на добитниците и им посака уште многу филмски проекти. Тој ја искористи приликата да го изрази своето уверување дека сите помагачи на фестивалот, централната и локалната власт, бизнис-заедницата, филмските работници, се и ќе продолжат да бидат и понатаму со фестивалот.

-Деновите поминати во карантин, во изолација, во нашите домови за време на полициските часови нè потсетија колку значајно место во нашите животи имаат подвижните слики. Тие беа една од основните преокупации и можност за квалитетно поминување на нашето време. Дали пред телевизиските екрани или пред компјутерите, филмовите даваа ведрина и смисла на нашето потполно изменето секојдневие“, истакна претседателот Пендаровски.

На 41-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ за значењето на фестивалот, традицијата и улогата на подвижните слики во животот на секој човек говореа американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

Публиката во битолскиот Музеј имаше премиерна можност да погледа кратка репортажа од новоизграденото кино „Манаки“ во Битола кое е изградено на Широк Сокак во овој град и се очекува наскоро да биде пуштено во употреба.