Брегалница и Скопје нови прволигаши, Беласица веќе испадна од Прва лига, за Вардар остана само теоријата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска се одигра коло во Првата и во Втората македонска фудбалска лига, по кое веќе се познати двата нови прволигаши, и еден испаднат тим.

Скопје од Првата лига запад успеа да обезбеди пласман во „елитата“, и практично да се врати по неколку години пауза. Од втората лига исток, пак, нов прволигаш е Брегалница која денеска го завери пласманот во Првата лига со победата над Охрид.

Нов член во втората лига од порано е струмичка Беласица, додека веројатно второлигаш ќе биде и најтрофејниот македонски клуб Вардар. Вардар денеска беше поразен од Работнички со 1:3, и сега заостанува четири бода зад местото кое носи бараж, на две кола до крај. Со оглед дека Вардар игра против екипи кои до крајот ќе се борат за излез на меѓународната сцена, тешко е за верување дека скопските „црвено-црни“ ќе може да направат нешто повеќе.

Во Првата лига веќе од минатото коло се знае дека Шкендија е новиот шампион.