Гаши во „Клик плус“: Платата не треба да биде мотивација за станување пратеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека некој што станува пратеник, потоа има тешкотии во остатокот од својот живот. „Во која било професија да се врати, начинот на негово дејствување во јавниот живот продолжува да носи етикета потоа, знаејќи дека оваа личност била пратеник на таа партија и така натаму“, рече Гаши.


Тој ја спореди професијата пратеник со работата на фудбалерите. „Тие играат фудбал од осумнаесет или деветнаесетгодишна возраст до триесет и четири или пет и, заработуваат огромни суми пари. Но, остатокот од животот мораат да живеат од тие заработки. Сепак, не стануваат сите фудбалери тренери, нели?“, посочи Гаши.


Според претседателот на Собранието, платата не треба да биде мотивација за станување пратеник. Ниту пак платата или надоместокот некогаш треба да бидат мотивација за некоја работа. „Пасијата, желбатa, љубовта кон една работа треба да бидат примарни“, вели Гаши.