Бремена жена од Македонски Брод се породила во амбулантно возило

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Родилката Мирјана Стојческа од Самоков, утрото на 2. мај се породи во болничко комбе на патот кон Прилеп, каде одела на породување.

-Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков  за да се транспортира  бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, истакна директорот Симески и појасни дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома .

Уште поинтересен е случајот од пред пет години кога бремена жена со породилки  на минусни температури и на снег од половина метар пешачела со својот сопруг од село Косово до Самоков  цели седум километри, од каде ги презема санитетско возило и ги транспортира до кичевска болница, каде што Елена на свет ја донела малата Божана и двете во одлична здраствена состоба по два дена ја напуштиле болницата.