Британец загина во близина на Ровињ по скок со падобран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓанин на Велика Британија починал од повреди здобиени во неделата при скок со падобран од вијадуктот Лимска Драга, недалеку од Ровињ, соопшти денеска истарската полиција.

Полицијата во Ровињ добила пријава дека 53-годишен државјанин на Велика Британија бил повреден додека скокал со падобран, околу 16 часот и 30 минути, а Британецот им подлегнал на повредите во возило на брза помош, објави Глас Истре.

Полицијата ги истражува сите околности на настанот за кои е запознаено и државното обвинителство.