Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „БиоНТех“: „Ја украдоа нашата технологија за ковид вакцините“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline поднела денеска тужби против Фајзер и германскиот БиоНТех, тврдејќи дека во вакцините против коронавирус ги користиле нејзините патенти за технологија на РНК.

Вакцините на Фајзер и на БиоНТех ги кршат патентите за заштитата иновација на РНК вакцините развиени повеќе од 10 години претходно од пандемијата на ковид-19, стои во тужбата.

Патентот покрива технологија на пренос на РНК во човечки ќелии кои научниците почнале да ја развиваат во 2008 година, а GlaxoSmithKline стана нивен сопственик со купување на „Новартис“ компанија која тргуваше со вакцините во 2015 година.

Британската компанија бара од Фајзер и БиоНТех парична отштета, притоа не наведувајќи го износот.

Од Фајзер ги отфрлија сите обвинувања, и најавија дека енергично ќе се бранат.

Фајзер, БиоНТех и Модерна веќе покренаа тужби пред судовите во САД, и се спорат околу надоместот за патентите на технологијата која е користена во вакцините.