Британската фунта скокна на највисоко ниво во последните осум години во однос на еврото, бидејќи економијата на Обединетото Кралство се чини дека подобро се справува со економските притисоци отколку земјите од еврозоната.
Според податоците на берзата Forex, британската фунта денеска во 12:00 часот се продаваше за 1,2134 евра.
Двете главни економии на еврозоната, Германија и Франција, се соочуваат со политички кризи кои негативно влијаат на побарувачката на потрошувачите во тие земји, пренесува Sky News.