Британската метеоролошка служба издаде предупредување за „бура на векот“ – ќе дуваат ветришта од 160 километри на час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британската меторолошка издаде црвено предупредување за времето, а бурата „Еовин“ се упатува кон островот, носејќи со себе ветришта и до 160 километри на час, што може да биде, како што наведоа „животозагрозувачки“.

Синптичарите ги предупредија дури и сопствениците на миленици да ги држат своите кучиња дома, во страв да не бидат однесени од силните ветришта.

Обединетото Кралство и Ирска се подготвуваат за она што медиумите го нарекуваат „бура на векот“, а синоптичарите велат дека 
„никогаш не виделе нешто слично“.

Земјата утринава беше ставена во состојба на готовност бидејќи беа издадени црвени предупредувања за утре што ја покриваат Северна Ирска од 7 часот наутро. до 14 часот. (по локално време) и делови од Шкотска , вклучувајќи ги Глазгов и Единбург , помеѓу 10 и 17 часот.

Стравувањата од влијанието на невремето се толку силни што училиштата во Северна Ирска им беше кажано да затворат утре, изјави секретарот за образование Пол Гиван.