Русија објави дека го протерува британскиот дипломат Вилкс Едвард Прајор поради шпионажа.
Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека вториот секретар на политичкиот оддел на британската амбасада во Москва давал лажни информации при влез во Русија, пренесува Ројтерс.
Во исто време, ФСБ забележала знаци дека дипломатот извршувал разузнавачки и субверзивни активности, кои ја загрозуваат безбедноста на Русија, се наведува во соопштението.
Според Риа Новости, на Прајор му биле дадени две недели да ја напушти Русија.
Според ФСБ, Прајор пристигнал во Москва како замена за еден од шесте британски дипломати протерани претходно оваа година под обвинение за шпионажа.