Британскиот претставник на Евровизија 2026, Look Mum No Computer, започна да продава маици со натпис „Look Mum No Points“ по освоеното последно место на годинашниот избор за песна на Евровизија.
Музичарот, чие вистинско име е Сем Батл , настапи со песната „Eins, Zwei, Drei“, но освои само еден поен од жирито и нула поени од публиката.
И покрај разочарувачкиот резултат, тој реагираше со хумор и спортски дух, честитајќи ѝ на Бугарија за победата и истакнувајќи дека најважно е секој да го даде својот максимум.
Новите маици ги претстави на Инстаграм, шегувајќи се дека слоганот не е „технички точен“, бидејќи сепак освоил еден поен.
