Главна тема во Србија и денеска е гласањето на Резолуцијата за Сребница. Вчера во Обединетите Нации, беше изгласана Резолуцијата, по што пристигнаа голем број на критики од страна на Србија,.
Претседателката на Србија, Ана Брнабиќ кажа дека на Србија ќе и биде тешко да соработува со земјите кои се коспонзори на Резолуцијата за Сребреница. За потсетување, една од земјите коспонзори е и Македонија.
„Ќе се чувствувам многу поблиска со земјите кои гласаа против или воздржано или ја напуштија просторијата. Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери, Европската унија е во наш интерес, но јас секогаш ќе бидам со земјите кои беа со нас“, рече Брнабиќ.
