Брнабиќ: Утре ќе се одлучува за отворање на границите без ПЦР тест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска на прес конференција најави дека утре наутро ќе заседава Кризниот штаб на кој ќе се разговара за мерките за влез на територија на Србија.

На состанокот ќе се разговара и за работата на училиштата и мерките за економијата.

Според последната одлука на српската Влада донесена пред новогодишните празници, влез во Србија за странци е дозволен само со негативен ПЦР тест, одлука чие важење истекува денеска.