Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, по објавата на профилот на Инстаграм од страна на познатата актерка Џенифер Анистон, вели дека тоа е одлично за Србија.
„Сè што е добро за Србија е важно за мене. Тоа кажува едно: дека нашата земја е еден од лидерите во родовата еднаквост, што се обидовме многу да го постигнеме, а по законот што беше донесен според кој најмалку 40 проценти од жените не се на списокот за Национално собрание, но и затоа што имаме скоро 50 проценти од жените во Владата на Србија. Во тоа сме на самиот врв“, рече Брнабиќ.
Таа потсети дека жени се на чело на некои од најважните институции, како што се Владата и Народната банка на Србија.
„Сите овие се пофалби за Србија и покрај економијата, здравството, Србија се издвојува и по ова. Се надевам дека сме земја што го менува светот“, рече премиерката.
