Познатата актерка Џенифер Анистон ги стави Брнабиќ и Сакеларопулу на листата најмоќни жени во светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Славната актерка Џенифер Анистон посвети нов пост на Инстаграм за најмоќните жени во светот, поточно на жените кои се на најважните водечки позиции во нивните земји.

На листата sвездата на „Пријатели“ се пронајдоа бројни познати имиња, почнувајќи од германската канцеларка Ангела Меркел, норвешката премиерка Ерна Солберг, шкотската премиерка Николе Старџен и други.

Меѓу другито, на таа листа се најдоа и премиерката на соседна Република Србија, Ана Брнабиќ, како и претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние отпорни на промени … Промените секако се случуваат. Да ги зајакнеме жените и да го смениме светот“, беше пораката на Џенифер Анистон.