Брнс на „он-лајн“ средба со Филипче, Македонија добива помош за справување со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД во Македонија Брнс, имаше он-лајн средба со министерот за здравство Венко Филипче, на кој се приклучи и претставникот на СЗО во Македонија, Јихане Тавилах.

Амбасадорката Брнс соопшти за грантот од УСАИД од 10 милиони долари за СЗО, од кои 600 илјади долари се наменети за Македонија во справување со коронавирусот. Оваа помош е дел од поддршката на САД за Македонија и се должи на долгата соработка и пријателство меѓу двете земји.