Брнз: Потребни се забрзани чекори кон ЕУ, извештајот на Societas Civilis покажува зголемено руско влијание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потребни се забрзани чекори за членство на Македонија во ЕУ, изјави за ТВ21 амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мери Брнз. Таа истакна дека резултатите од интеграцијата во НАТО ги гледаме сега, затоа многу е важен следниот чекор, интеграција на Северна Македонија и цел Западен Балкан во ЕУ.

-Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ. Иако не сме членка на ЕУ, сметаме дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД. Постојано и јасно велиме дека сакаме пристапувањето кон ЕУ да се придвижи, колку што може побргу. Мислам дека гледаме единство и решителност во меѓународната заедница, помеѓу САД и европските партнери и во западната заедница во целина, за важноста на продолжувањето, не само за да се одржи глобалната безбедност туку и да видиме напредок во заедничката агенда за демократија и владеење на правото, вели Брнз.

Но извештајот на Институтот за демократија „Societas Civilis” објавен во февруари, вели дека има голем пад во довербата и влијанието на ЕУ во земјава. Според извештајот, поради разочараноста на граѓаните од ЕУ за непочнувањето на преговорите на Македонија, Преспанскиот договор и преговорите со Бугарија, граѓаните излез гледаат во некоја друга алијанса.

Според извештајот, позитивното мислење за ЕУ во Македонија во последните 4 години е паднато на последното ниво, во 2019 било 44.8% а во 2021 истото е паднато на 9,5%.