„Бројот на новозаразени ќе се намали во следниот период“, кажа Филипче со резерва додавајќи дека тоа е само предвидување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека следи период во кои ќе се намалат новодијагностицирани.

„Врз основа на анализа на факторот на преносливост, врз основа на контактите кои сега се повеќе во надворешни услови, убаво е времето, тоа го намалува ризикот од трансмисија, влагата во воздухот исто така помага во намалување на трансмисијата“, истакна Филипче.