Бројот на туристички ноќевања во ЕУ зголемен за 1,7 отсто во првата половина од 2026 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на ноќевања во туристичките сместувачки капацитети низ Европската Унија во првата половина од 2026 година е зголемен за 1,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи вкупно 1,321 милијарда, објави денеска Евростат.

Растот го предводела Ирска со 14,6 отсто, а по неа следуваат Малта со 9,9 отсто и Словачка со 5,9 отсто, се наведува во извештајот.

Истовремено, во девет земји-членки на Европската Унија е регистрирано намалување на бројот на ноќевања. Најголем пад е забележан на Кипар, од 7,7 отсто, и во Романија, од 6,7 отсто.