Бројот на жртви од земјотресот во Тибет се зголеми на 95

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите во земјотресот што утринава го погоди Тибет се зголеми на 95, додека бројот на повредени е 130, пренесе Ројтерс.

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми. Според податоците на кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во тоа подрачје е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.

Луѓето останаа без вода и струја. Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен. Тројца посетители кои разгледувале место се преместени на безбедно, јави кинеската државна телевизија.