Дводневниот позитивен тренд на опаѓање на жртвите во Италија, е прекинат во изминатите 24 часа, со оглед дека животот го загубија 743 лица од коронавирусот.
Во Италија животот досега го загубија 6820 лица. Бројот на регистрирани случаи исто така е во пораст во последните 24 часа, и изнесува 3612 лица, или вкупно 54030 лица, додека вкупен број од оние кои се заразени од почетокот на епидемијата е 69176.
Единствена позитивна вест е тоа што бројот на излечени е во пораст, односно дека се излечиле 894 лица повеќе од вчера, или вкупно 8326 лица.
