Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на загинатите се искачи на 82, додека воените инженери успеаја повторно да ги отворат оштетените патишта за слободен пристап до помош.
Тешката опрема стигна до најтешко погодениот град Мамују и соседната област Маџена на островот Сулавеси, каде во петокот наутро се случи земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националната агенција за ублажување на катастрофи. 73 лица загинаа во Мамуја и девет во соседниот кварт Маџена.
Напојувањето и телефонските комуникации исто така започнаа да се подобруваат.
Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, а повеќе од 800 беа повредени, повеќе од половина од нив потешко.
Податоците на агенцијата за катастрофи покажуваат дека скоро 27.850 преживеани биле префрлени во засолништата.
