Бројот на жртвите во поплавите во Непал се зголеми на 579, исчезнати се 1.924 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите во поплавите во Непал денеска се зголеми на најмалку 579 лица, додека бројот на исчезнати достигна 1.924 лица, соопшти непалската служба за вонредни ситуации.

Според податоците на непалската Национална служба за намалување на ризици од катастрофи, меѓу исчезнатите во разорните поплави во земјата има 517 странски државјани, како и 933 работници ангажирани на хидроцентрали долж реките, каде што надојдените води се излеале пред два дена, пренесува „Гардијан“.

Според досега достапните информации, меѓу исчезнатите во поплавите, кои го погодија пограничниот регион меѓу Непал и Кина, има и 55 украински државјани, 51 државјанин на Малезија, 39 Австралијанци, 33 Британци, 25 Канаѓани и девет државјани на Јужна Кореја.

Исчезнати се и по осум државјани на Сингапур, Германија и Русија, како и шест државјани на Јужна Африка и шест Летонци.