Поранешниот премиер, Владо Бучковски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека СДСМ и коалиционите партнери треба да ги проценат квалитетите на секој потенцијален кандидат за мандатор и да започнат со процедура.
Тој вели дека по официјалната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очигледно најавил дека нема ново мнозинство.
„Во овој момент мислам дека Македонија е поблиску до формирање на нова Влада“, порача Бучковски.
