Четврти ден расправа на матичната собраниска комисија за буџетот за идната 2025 година. Опозицијата останува на ставот дека проекцијата на државната каса е без визија која и натаму ќе го зголемува јавниот долг. Од Европскиот фронт поднесоа 50 амандмани за кои пратеничката од редовите на коалицијата рече овој предлог буџет е далеку од развоен буџет и во него нема правична распределба на средствата.
9.50 почеток
-Имаме еклатантно зголемување на буџетските расходи додека приходите остануваат недоволни за исполнување на желбите на власта а тоа се должи на непочитување на фискалните правила сега дефинирани веќе и со закон. По долги години капиталните расходи се пониски од буџетскиот дефицит кој е зголемен во однос на 2024 година, вели Рина Ајдари од Европски фронт.
Рековте дека ќе има фискална консолидација за да имаме умерена задолженост но наместо тоа вие ја задолживте државата со нови 500 милиони евра. Ова во својата критика кон предлог буџетот го рече пратеникот на СДСМ Благој Бочварски.
-Кога сме кај јавниот долг власта на СДСМ ја предаде Владата во јуни 2024 година со јавен долг од 55%, а денес во ноември 2024 година јавниот долг веќе е 65%, што значи не е точно дека новата Влада ќе направи консолидација и намалување на задолжувањето, туку напротив не дозадолживте за нови, дополнителни 10 % од Бруто домашниот производ, изјави Благој Бочварски од СДСМ.
Со контра став излез заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски кој рече дека опозицијата нема право да критикува бидејќи додека беше власт буџетскиот дефицит беше голем.
-2024-та ќе биде 4,7%, за 2025-та го планираме на 4%. Согласно фискалната стратегија 2025-29 година ќе стигнеме до фискалното правило 3% буџетски дефицит и јавниот долг да биде во рамките на психолошката граница од 60%, изјави заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски.
Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ во однос на критиките за јавниот долг тврдеше дека откако тие се на власт тој се намалува.
-На Отворени финансии за кои што вие пред малку излажавте дека 10% е покачен долгот, знаете што кажува? Квартал три од кога ВМРО-ДПМНЕ ја преземала власта на отворени финансии е 56,9%. Јавниот долг паѓа. Еве Отворени финансии истото тоа што вие го исцитиравте, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Буџет за 2025 ќе изнесува речиси 6,5 милијарди евра во кој се предвидени 10 проценти повеќе расходи од буџетот годинава. Дефицитот од 700 илјади евра е биде покриен со заеми кои што ќе ги зема Владата.