Британскиот суд денеска соопшти дека двајца Бугари се изјасниле за виновни за шпионирање за Русија во Велика Британија, јавува Би-Би-Си. Орлин Русев, од Грејт Јармут и Бисер Замбазов од Лондон, признале заговор за шпионирање.
На почетокот на судењето на нив и на уште тројца наводни шпиони, беше објавено дека двајцата ја признале вината. Останатите тројца, Катрин Иванова, Вања Габерова и Тихомир Иванчев, сите од Лондон, ги негираат обвиненијата за шпионирање.
Обвинителката Алисон Морган пред судот изјави дека Русев и Замбазов признале дека биле дел од иста шпионска активност.
Тројцата обвинети, заедно со другите, „шпионирале за Русија“ меѓу 2020 и 2023 година, рече таа.
Таа додаде дека тие се обиделе да соберат информации во корист на Русија, вклучувајќи информации за различни цели, и луѓе и локации, кои се од особен интерес за руската држава.
Морган рече дека обвинетите биле „софистицирани во нивната методологија со спроведување на надзор на поединци и места, производство и користење на лажни идентитети и примена на напредна технологија за добивање информации“.
Таа рече дека обвинетите „добиле слики“ и „составиле детални извештаи за нивните цели“.
„За овие активности им биле исплатени значителни суми. „Тие беа преземени во корист на Русија, директно или индиректно“, рече Морган.