Тетово има 3 големи засолништа и околу 100 помали кои се наоѓаат под зградите, кои би можеле да се употребат за заштита на населението. ТВ21 посети неколку од нив. Не се одржани како што треба, но сепак во случај да се појави потреба во овие бункери можат да се засолнат голем број на граѓани.
„Се наоѓаме на влезот на едно засолниште која се наоѓа под станбени згради во градот, овде е влезот и ние ќе влеземе внатре за да видиме дали е чисто“, истакна репортерот на ТВ21.
Ова засолниште има голем капацитет, но нема систем за воздух, тоалет и струја. Вратата е оштетена и рѓосана, а тоа докажува дека долг период никој не се грижел за овие простории за засолнување.
„Има многу вода и е нечисто, а тоа значи дека доколку граѓаните се засолат овде ќе биде многу тешко бидејќи нема ниту минимални услови“.
За засолништата кои се наоѓаат под зградите, одговорни се Куќните совети на зградите. Посетивме засолниште кое е во добра состојба.
„Се наоѓаме во друго засолниште во колективна станбена зграда во градот Тетово. За разлика од претходното засолниште, ова е помало но е добро одржано“.
Во ова засолниште освен системот за воздух, има и опрема за филтрирање на воздухот, а и вратите се во добра состојба.
„Како и во секое друго засолниште и овде има итен излез и од снимките може да се гледа дека е добро одржано и е во функција“.
Од општина Тетово велат дека засолништата се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување и Куќните совети на зградите.
„Што се однесува до засолништата, во територијата на нашата општина постојат три големи засолништа со кои управува Дирекцијата за заштита и спазување и има 100 други засолништа во рамките на станбените згради за кои се одговорни Куќните совети“.
Другото засолниште кое го посетивме беше во уште полоша состојба. Влезот беше блокиран со отпад. Како што изгледа овие бункери останале дел од историјата, а вреди да се спомне дека досега никогаш не биле употребени откако се изградени од тогашна СФРЈ.
