Бурни реакции за велопатеката во Тетово – за ова ли се потрошени 3 милиони денари?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Се наоѓаме на стартот на велопатеката во град Тетово. Да провериме колку може да се вози по оваа патека!“, јавува репортерот на ТВ21.

Паркирани автомобили, канти за отпадоци, дупки и многу други пречки.

За овој проект општина Тетово потрошила 3 милион денари. Во таа сума се предвидени и други фази како што се обележување на патека на главната улица, спуштање на тротоари итн.

Елмир Мустафаи од Секторот за улици и градежно земјиште, при општина Тетово, во врска со ова, вели дека пречки имало само во еден дел и дека тие се отстранети, а преместувањето на контејнерите и автомобилите треба да се направи следните денови.

„На некои места каде треба да се спуштат рабовите на тротоарите, тоа веќе е реализирано од компанијата што се занимава со тоа. Тие се четири или пет места за кои се крена толку врева на интернет. Автомобилите треба да се отстранат со помош на СВР и со помош на пајак службата и контејнерите. Имаме проблем со продавниците бидејќи не ги сакаат пред продавниците и треба да се градат џебови, како што ние ги нарекуваме, и тој проблем да се реши.“, вели Мустафаи.

Велосипедската патека е широка еден метар и е изградена на булеварот Илинден со должина од 5,5 километри. Не спуштањето на тротоарите навреме, искривените линии ги натераа активистите и граѓаните на социјалните мрежи да го исмеваат овој проект, велејќи дека општина Тетово гради олимписка патека.