Чаир и Бутел се разбудија со ладни радијатори – Рамадани за ТВ21: Граѓаните да бидат спокојни неделава ќе има парно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 500 домови, 13 училишта, градинки и здравствени домови во Чаир, Бутал и Топаана и утрово се разбудија со ладни радијатори.

ТВ21 ги посети поликлиниката Чаир, а разговаравме и со директотор на средното училиште „Цветан Димов“ кои се греат од топланата Скопје -Север.

„Во 7.30 кога дојдовме на работа видовме дека нема парно греење и веднаш се јавивме  во Топлификација. Ни кажаа дека од денеска нема да има парно. Колку ќе трае уште немаме информации“, вели Висар Дурак.

„Наутро ни е најнеопходно, бидејќи почнуваме рано со настава“, додаде Висар Дурак.

И покрај подмирените сметки за парно од страна на градинките и училиштата и во општина Бутел 2 денеска немаше греење како и во станбени објекти-информираат од општината.

„Ние сме засегнати за училиштата и градинките, се надеваме дека во најбрз можен рок ќе биде надминат овој проблем. Денеска функциониравме во исклучително тешки услови. Во градинката се обидовме да го згрееме објектот со помошни тела, бидејќи е најнеопходно, а во основните училишта организиравме скратена настава“, вели Горјан Донев .

По средбата на претставници на топлана Скопје-Север и ЕСМ како и РКЕ како медијатор, почнувајќи од попладнево, па во текот на наредната недела, ќе има греење, информира Рамадани за ТВ 21 по состанокот.

„Се договоривме да најдеме некое трајно решение. Сега за сега нема конкретен предлог или резултат. Во меѓувреме обезбедивме средства за испорака на топинска енергија, ќе почнеме за саат време и граѓаните можат да бидат спокојни дека во наредните денови ќе имаат постојано греење и до тогаш се надеваме на трајно решение“, порача Куштрим Рамадани.

Топлана „Скопје – Север“ ја почна грејната сезона на 4 октомври што е десетина дена пред законскиот рок и имаше набавено гас од „Макпетрол“ за неколку дена.