Ова е шеталиштето на младите во селото Јаболчиште општина Чашка која е една од трите најголеми рурални општини во земјава. Според пописот во 2002 година, општината има 7 673 жители од кои, Македонци 4.370, Албанци 2.738, Турци, Бошњаци и други. Јаболчиште е населено со албанско население. Во самиот влез затекнавме неасфалтирани улици, со кал и дупки.
Хисни и Елми се другари. Излезени на сред село да прошетаат. Нивното катче за дружба е чајџилницата во центарот на Горно Јаболчиште.
На ова место често пати доаѓаат да ги споделат нивните средношколски маки.
Тука се дојдени затоа што не постои никаков младински центар. Хисни веќе го заврши средното училиште во Велес. Раскажува како му било тешко затоа што патувал секој ден 90 километри.,
„Патувавме со организиран превоз, имавме едно комби, од пет сабајле во 7 стигнавме во училиште. Колку патувате до училиште? 45 километри и 45 километри за враќање по 90 километри. Младите планираат да се иселат некаде во европските земји. Зошто? Тука нема ништо.“, вели Хисен Усеини.

За разлика од Хисни неговиот другар Елми е втора година во гимназијата Боро Петрушевски во Скопје. Тој не продолжи со гимназијата во Велес затоа што не знае добро македонски и бил принуден да се запише во некое од училиштата во Скопје. Во Велес во ниту едно средно училиште нема паралелка на која можат да учат на албански јазик.
„Зошто одлучи да се запишеш во средно училиште во Скопје? Затоа што не го познавам македонскиот јазик. Колку патуваш? Не патувам престојувам во интернат има 60 километри. Какви активности имате во Јаболчиште. Немаме. Дома и на кафе“., рече Елми Усеини.
Единствената активност им е спортот поточно фудбалот. Стадионот е на рид со минимални услови. Целиот терен е со кал.
Мељеки Бејљури е наставник во училиштето Лирија и тренер на Фудбалската академија во селото.
„По прогласување на пандемијата не ни беше дозволено 40-50 деца да патуваме 35 километри за еден натпревар на домашен терен. Навистина е тешко да се реализира.“, вели тренерот Бејљури.
Фудбалскиот клуб Башкими од Јаболчиште е на врвот на табелата во општинската лига. Поради недостиг на стадион одат и до Скопје за да играат натпревар. Никогаш не изиграле натпревар на свој терен.

„Како колектив одиме секоја недела по 100 километри во Скопје или во Куманово за да одиграме натпревар во балон или спортска сала. И плус 100 километри за враќање патуваме по 200 километри за еден натпревар“, вели Бејљури.
Но, градоначалникот Стојановски вели дека активностите на младите се замрени, а фудбалот е единственото нешто со кое се занимавале за време на пандемијата. Но, во мизерни услови.
„Во текот на корона вирусот, во делот на младите освен активностите кои ги имаат фудбалските клубови на територија на општина Чашка кои што играат на општинските лиги и како општина минатата година ги финансиравме другото е се замрено“, рече Стојановски.
За решавање на овој проблем општина Чашка со помош на УНДП има план за изградба на мултифункционална сала. А, пак во училишниот двор до крајот на годинава ќе се изгради спортска сала преку програмата на ТАВ , средства кои беа пренаменети за општините, во вкупен износ од 20 милиони денари, а кои беа наменети за изградба на Карго аеродром во Штип. Градоначалникот на Чашка Стојановски вели дека општината има буџет за млади и спорт така што минатата година предвидени биле 30 илјади денари согласно програмата за млади и спорт. Од нив, реализирани се околу 20 илјади денари. Другите пари не ги добиле културно-уметничките друштва затоа што немале организирано активности поради пандемијата со Ковид.
„Ќе се изгради спортска сала затоа што имаме и одлука на Влада има и во службен весник. При испишување на ТАВ ќе се гради спортската сала. Ќе ни остане да се изгради една мултифункционална сала тоа ни беше и планот со програмата на УНДП и едно спортско игралиште каде сме во преговори со Агенција за спорт и млади“, вели Стојановски.

„Рурална Коалиција“ е организација која се занимава со младите од сите рурални општини. Вели дека можности за активности на младите се минимални.
„Кога станува збор за културно-социјален живот речиси и да нема. Театарот кога функционира кога не. Посебно сега во време на пандемија, речиси се беше затворено. Други можности како за култура, за развој на уметност за дружење речиси и да нема“, рече Љиљјана Јоновски.
Најблиското училиште од Јаболчиште е средното фимназиско училиште „Кочо Рацин“ кое се наоѓа во Велес. Околу 50 ученици од Јаболчиште се превезуваат до училиштето.
За среќа сега учениците за време на пандемија не се принудени да патуваат па така наставата ја следат онлајн. Но не сите имаат можноста да ја следат наставата. Тоа што загрижува е фактот дека голем број на ученички го завршуваат училиштето само до 5-то одделение. Во основното училиште моментално 813 ученици следат настава. Во деветто одделение има две паралелки во кои следат настава 52 ученици. Во последната учебна година 30 од учениците не продолжиле со средното образование. Што значи 12 ученици останале надвор од образовниот процес. Најголем број од нив се ученички.
„За разлика каква била состојбата порано сега е променета, иако не доволно добра, затоа треба да направиме заложби кај сите фактори со цел да ја подобриме ситуацијата. Во иднина сметаме дека ќе го надминеме ова. Ни имаат понудена да се отвори паралелка на албански јазик во делото токму поради овој проблем“, вели Јусуф Јашари.

„Секое дете има право на основно образование“, вели законот за основно образование. Членот 5 гласи:
„Родителот, односно старателот на ученикот е должен да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание“.
Родителите не сакаа да кажат пред камера зошто им го скратуваат правото на училиште на своите деца. За родителот кој не го пушта своето дете на училиште му следува казна од 1000 до 2000 евра, но за последната учебна година нема ниту една изречена казна. Општината заедно со министерството за образование дискутирале за отворање на албанска паралелка во средното училиште во Велес, но поради недостиг на кадар се уште нема ништо конкретно. Учениците ќе учат на македонски јазик или пак ќе одат во другите градови да следат наставата. Моменталното решение за патување е организиран превоз од селото до училиштето.
Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската Влада.

