Бесар Дурмиши од ВЛЕН, во изјава за медиумите по студентските протести, изјави дека многу скоро правосудниот испит ќе може да се полага на албански јазик.
Тој додаде дека и другите стручни испити ќе се полагаат на албански.
„Со студентите разговаравме отворено, го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе го решиме. Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански, а ние ќе ги направиме на албански сите стручни испити. За ова денеска во Владата се одржа средба меѓу премиерот и претседателите на ВЛЕН, затоа со голема сигурност ви велиме дека испитите многу брзо ќе бидат и на албански јазик“, изјави Бесар Дурмиши од ВЛЕН.
