Чавков: На протестите за „Монструм“ полицијата не интервенираше, иако беа исполнети сите услови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков во судница сведочеше за настаните од 27-ми април и упадот во законодавниот дом.

Чавков рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, но никогаш не извршувал било каква функција во партијата. Ги отфрли сведочењата за време на првиот предмет за истите настани, дека тој на 27-ми април се наоѓал во седиштето на партијата.

На серијата прашања од судијата Илија Трпков, во однос на надлежностите и преземените мерки за време на упадот во Собранието, Чавков рече дека немало грешки кај старешината во однос на издадените наредби, но може да имало пропусти кои се случувале на секој протест.

За да каже какви пропусти мисли, Чавков рече дека таков пропуст бил направен и на последниот протест за „Монструм“.

„Беа исполнети сите услови, но полицијата на протестот за „Монструм“ не интервенираше“, рече Чавков.

Додаде дека на 27-ми, својата канцеларија во БЈБ ја напуштил по 14.30 часот, завршувал приватни работи, а попладнето се упатил кон неговите приватни канцеларии.