Чекаа 2 милиони евра, но добија 5 илјади денари – приватните превозници повторно најавуваат протести во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приватните превозници чекаат да им се исплати долгот од 2 милиони евра, но од ЈСП добија само 5 илјади денари. Еден од превозниците смета дека ова е провокација и најави дека утре ќе одат во канцеларијата на директорот за да добијат објаснување а доколку не ги прими на средба, најави протести за следните денови.

-Директорот на ЈСП направи грешка неделава уплатил 5000 денари за 105 наши компании.
ТВ21: Само 5 илјади денари?
-5 илјади денари за сите, 2 милиони евра треба да ни плати и ова е провокација кон нас, приватните превозници.
Играат игри со нас.
ТВ21: Дали утре ќе разговарате за ова прашање зошто ви пуштиле 5 илјади денари?
-Ние ќе разговараме со него и утре во 9 часот ќе бидеме пред неговите канцеларии и ќе доставиме барање да не прима.
Ние планиравме во вторник или среда да протестираме пред Веро Џамбо.

Од друга страна, градоначалничката на Скопје не се занимава со нив. Таа иницираше купување на нови еколошки автобуси со креди од 10 милиони евра. Според Арсовска ова се прави со цел заштита на животната средина и поквалитетен јавен превоз. Што се однесува до приватните превозници, таа истакна дека имало две јавни повици каде можеле да се пријават, но тоа не го направиле.

Премиерот Ковачевски пред еден месец најави дека ќе има средба со приватните превозници за да им помогне во решавањето на проблемот, под услов тие да исполнат неколку негови услови, но досега се уште не се одржа таа средба.