Чекал 36 часа во ред за да купи конзола за играње

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продажбата на новата конзола на „плејстејшн“ веќе почна, а првите примероци во претпродажба веќе се продадени. Еден човек од Калифорнија толку му било важно да биде меѓу првите кои ќе ја купат конзолата, што чекал во ред неверојатни 36 часа.

Тајлер Лопез застанал во ред во Калифорнија во 20 часот во среда за да биде прв во редот, кога ќе се отвори продавницата за акцијата „Црн петок“.

Како што самиот наведе, почувствувал „големо олеснување“ кога конечно ја набавил конзолата плејстејшн 5.

„Конзолата сама по себе е доволна, но сега кога се најдов и во вестите, уште подобро се чувствувам“, рече Тајлер.