Чекање кај вакциналниот пункт во Тетово – Здравствен дом Тетово: Работиме на средување на термините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Часот е 7.30 наутро. Тоа е терминот кого многу граѓани од Тетово го добиле за ревакцинација. Часот е речиси 8, но центарот за ревакцинација во Домот на културата се уште не почнал со работ! Не им останува друго, освен да чекаат.

„Терминот ни е во 7.05 часот, сега е 7.40, речиси 8, немаат почнато со работа се уште. Доаѓаат луѓето и чекаат,како што гледате полно народ има“.

-Во 8.05 е, во 7.30 почнаа со работа?

„Не, немаат ни намера, ние чекаме тука“.

„Седум. Часот е 8 и немате почнато со работа? Не, се уште немаат почнато а од 6.30 сме овде, во седум, еве јас во 7 а жена ми во 7.05“.

Од Здравствен дом Тетово признаваат дека имало грешки при пуштањето термини.

Вакциналните пунктови работат од 7 наутро до 12 на полноќ, а пунктовите за ревакцинација  работат од 8 наутро. Во моментов, граѓаните кои треба да се вакцинираат со прва доза, системот Мој Термин електронски пушта термин за ревакцинација со распоред на пунктот за вакцинација и овој технички пропуст е причината поради која граѓаните чекаат кај пунктот за ревакцина“, посочија од Здравствениот дом.

Од Здравствен дом Тетово велат дека од следната недела овој проблем ќе биде решен.