Владата на Чешка денеска донесе одлука за испраќање на 2,39 милиони вакцини, како подарок за 12 земји меѓу кои е и Македонија. Покрај нашата земја, Чешка ќе донира вакцини и за БИХ, неколку земји во Африка и Азија.
Подарокот е на основ на тоа што лидерите на земјите членки на ЕУ да подаруваат 100 милиони вакцини на трети земји.
„Земјите-членки можеа да утврдат приоритетни земји на кои сакаат да им испраќаат вакцини од нивната квота“, рече чешкиот министер за здравство, Адам Војтех, додавајќи дека 250.000 дози вакцини за Виетнам и 30.000 за Тајван не се од европскиот дел на глобалната иницијатива „Ковакс“.
Чешка ќе и даде 1 милиони вакцини „Фајзер“ на Словачка, кои ќе ги плати вакцините.
Чешка нарачала вкупно 23,9 милиони дози вакцини регистрирани во ЕУ, досега и биле доставени 9,6 милиони и според Министерството за здравство нема да може да ги искористи сите.
