Четири европски аеродроми може да останат без гориво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири италијански аеродроми се предупредени за можен недостиг на гориво за авиони, што е прв конкретен знак за претстојна криза со снабдувањето во Европа предизвикана од војната во Иран и блокадата на Ормутскиот теснец, објави порталот TypWorld.

Во известувањето до воздухопловците издадено во саботата се вели дека услугите за полнење гориво за операторите што имаат договор со „Ер БП Италија“ може да бидат ограничени поради намалена достапност на гориво.

Предупредувањето се однесува на аеродромите во Болоња, Милано (Линате), Тревизо и Венеција.

Претставникот на синдикатот на пилотите истакна дека ситуацијата не треба да влијае на претстојните летови, но предупреди дека ситуацијата може брзо да се влоши.

„Проблемот ќе стане реалност ако не се најде решение за блокадата на Ормутскиот теснец“, рече Данило Рецине, потпретседател на синдикатот на италијански пилоти.