Четири години откако Груевски избега од Македонија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешен ден (10 ноември) пред четири години (2018 година) поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски избега од Македонија.

Според тогашните информации, бегството се одвивало преку Албанија, Црна Гора и Србија, од каде екс премиерот заврши во Унгарија каде доби политички азил.

Се уште не е познато кој му помогнал во овој обид, но се знае дека во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи.

Во интервју за медиумите тогаш Груевски посочи дека од Македонија избегал многу лесно, како и дека остава на Власта да открие дали легално или нелегално ја поминал границата со Албанија.

Македонија има распишано потерница по Никола Груевски.