Четири лица загинаа и две се борат за живот во пожар на железничката станица во Софија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири бездомници загинаа ноќеска во пожар во вагон на централната железничка станица во Софија, Бугарија, каде што се засолниле, соопшти полицијата.

Две лица на возраст од 65 и 35 години се борат за живот и се во болница бидејќи се затруле со чад.

Двајца се уапсени, и обвинителството не ја исклучува можноста да бил намерно подметнат.

Пожарот бил брзо изгаснат, но не предизвикал прекин на железничкиот сообраќај.

ФОТО: Архива