Либанското Министерство за здравство денеска соопшти дека четири лица загинале во нови израелски напади на југот на земјата.
Претходно беше соопштено дека едно лице загинало во напад со дрон.
„Три лица загинаа во израелските напади на Бинт Џбеил“, соопшти Министерството, додавајќи дека во одделен „израелски напад врз Беит Лиф, едно лице е убиено“, пренесе АФП.
Над десетина луѓе се убиени во израелски воздушни напади откако на 27 ноември стапи на сила прекинот на огнот со кој заврши војната меѓу Израел и либанскиот Хезболах.
Прекуграничните судири започнаа на 8 октомври минатата година, еден ден по избувнувањето на војната во Газа, но во септември тие се претворија во отворена војна.