Четиримесечно бебе е најмладата личност со коронавирус во Македонија. Ова го потврди министерот Венко Филипче кој напомена дека бебето заедно со мајката се примени на Инфективната клиника во Скопје во стабилна состојба.
„Мајка и четирмесечно бебе примени на Инфективната клиника, со стабилна клиничка слика, се следат од страна на педијатар, со некоја лесна форма на вирусот. Бебето е во добра стабилна состојба, без потреба на респиратор“, вели Филипче.
