Чолош: Крајно време е за одлука за преговори со Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Крајно време е да се донесе одлуката за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија. Новата методологија го поедноставува и го прави процесот потранспарентен, не покомплексен. Граѓаните на земјите кандидати како и граѓаните на ЕУ, треба да го почувствуваат благодетот од проширувањето побрзо и поконкретно и мислам дека новата методологија успеа да го стори тоа, вели во интервју за МИА Дачијан Чолош, лидер на политичката група Обнова на Европа во Европскиот Парламент.

Оваа партија брои 98 членови во Европскиот парламент и е трета по големина парламентарна група. Поддржува проширување и зсилен ангажман со земјите од Западен Балкан и нивната перспектива во рамките на ЕУ. Во Европската комисија е застапена со шест еврокомесари.