Гоце Димовски, директор на дирекцијата на ТИРЗ, во Бизнис 21 на ТВ21 вечерва кажа дека бројките во компаниите од ТИРЗ зоните се позитивни, како од аспект колку уплаќаат во буџетот, и дека платите на вработените растат.
„Во 2024 година уплати во буџет 5,7 милијарди денари, откако била доделена вкупна државна помош од околу 2 милијарди. Во 2025 година уплати во буџетот повеќе од 6,3 милијарди денари, а државна помош се исплатени околу 1 милијарда денари“, изјави Димовски.
Димовски рече дека нема најави за повлекување на компании од ТИРЗ. Истакна дека се случува компании да враќаат назад државна помош, откако се видело дека не работеле како што требаат.
Во однос на платите, Димовски кажа дека има раст на платите за 6% во однос на нето платата.
„Ако ја споредуваме 2025 година со 2024, сега имаме раст од 6% во однос на нето платата. Има раст на платите. Бројот на вработените се околу 18.000 и тоа е константна бројка, а очекуваме во 2026 година да има зголемување на вработените“, изјави Димовски.
