Д-р Арнаудовски: Многу е важно докторот и пациентот да воспостават однос на меѓусебна доверба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доктор Златко Арнаудовски попладнево гостуваше во „Урбан Таг“ на ТВ21. Зборувавме за Систина Офталмологија, а за односот меѓу пациентот и докторот, Арнаудовски потенцираше дека е многу важно истиот да биде воспоставен на меѓусебна доверба. И дека во „Систина Офталмологија“ се работи на таков систем, да се формира едно убаво искуство со пациентите, кое се развива секојдневно.

„Многу е важно докторот и пациентот да воспостават однос на доверба. Секој пациент има одреден страв, и тоа е рационален страв, од непознато, дали постои ризик, дали после операцијата ќе гледам добро и така натаму. И не само операциите од офталмологија, туку и од другите операции, од потешки, до полесни.

Она на што ние во болницата обраќаме внимание, 10 години откако работи, има еден убав систем на пракса на убаво искуство со пациентите, и го развиваме секојдневно. После прегледот, ретко кој пациент се сеќава што разговарам со докторот, туку останува само онаа доверба, и на основа на тоа ги градиме нашите убави искуства“, рече Арнаудовски во „Урбан Таг“.

Целата изјава на проф. д-р Арнаудовски низ видео: